Наместо тие вишоци да бидат понудени на домашниот пазар, на компанииите кои што еве сега не работат, тие се понудени на компанија која сосема случајно купува прекуграничен капацитет истиот месец од Македонија во Србија, односно во Косово и потоа сосема случајно од Косово истите тие ги носи во Албанија и ги продава за потребите на „КЕШ“, односно Албанската енергетска компанија. Ова е сосема случајно, а јас ниту во бизнисот ниту пак во животот и од тие причини можам да констатирам дека наместо да биде тоа понудено на домашниот бизнис и да бидат зачувани некои работни места, тие пари, тие средства завршуваат кај приватни компании кои што генерираат големи профити, а дел од тие профити завршуваат во џебови на политички моќници, еве би рекол, на Балканот, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за изјавата дека Албанска фирма генерира големи профити од вишоците на струја на ЕЛЕМ.
Зборувајќи за средбата на Советот за безбедност Мицкоски истакна дека истата за да има некаков импут требаше да се оддржи после денешниот состанок на министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ за кој пак рече дека е катастрофално што на истиот не беше поканет ниту еден преставник на локалната самоуправа.
„Она што конечно можам да го забележам е тоа што таму ниту еден преставник на локалната самоуправа не беше поканет ниту присутен што навистина е катастрофално бидејќи ако општините не се мнозинството на СДСМ и ако дректорите на јавните комунални претпријатија не се од СДСМ тоа не значи дека треба да ги напуштиме и да заборавиме дека и тие се чинители. Но, такви луѓе ја водат државата, ја водат директво во амбис и во пропаст и во банкрот и затоа ние бараме брзи предвремени парламентарни избори. Затоа велиме заедно со Референдумот треба да имаме парламентарни избори и заедно со тие парламентарни избори бидејќи пендаровски е толку сигурен во своите изјави да имаме и претседателски избори па сите три прашања во пакетот да ги затвориме и да видиме граѓаните во каква насока избираат да се движи Македонија“, потенцираше Мицкоски.