Во честитката Мицкоски додава:

„Ние им ја должиме слободата на тие што се избориле за неа, но им должиме и на идните генерации, нашите синови и ќерки, нашите внуци да им ја оставиме слободата каква што сме ја добиле. И да се бориме за напредок, за добар живот и за стабилност и сигурност за секој човек.

Во време кога повторно слободата ни се ограничува, кога се прават поделби, кога нема одговорност за никого и ништо, кога книгите завршуваат во депонија, кога луѓето не чуствуваат сигурност, кога со нашето наследство власта прави трговија, повеќе од сигурно е дека потребни се промени.

Партизаните, нашите втори илинденци залудно не газеа по снеговите, не се бореа и гинеа за слободата за да денес прелесно допуштаме поигрување со таквото наследство, врежано во колективната меморија на слободарските антифашистички народи во Светот, на чие наследство како Македонија имаме полно право да се повикуваме.

Никој нема право, а најмалку тие кои ја водат државата, да внесуваат сомнежи, ниту поделби или да прават трговија со нашата колективна заслуга во борбата против фашизмот.

Наша задача денес е да издвојуваме победа на разумот, на нашето право да создаваме нова иднина за нашите луѓе. Тоа е иднина темелена на морал и принципи.

Нашите луѓе се пркосни, храбари, работливи и знаат што сакаат. Овој народ си ја сака среќата и местото под ова парче небо. И овој народ ќе се избори.

За многу години 11-ти Октомври. Вечно да се паметат хероите од Антифашистичката борба“.

11 Октомври е врежан во колективната меморија на Македонија, ден кога слободољубивоста поведе и потоа победи. Ако некои…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, October 11, 2021