Во почетокот на говорот, Мицкоски истакна дека Македонија е повеќе од држава.

– Нашата земја е нашиот храм во која веруваме. Затоа што Македонија е повеќе од само држава, тaa e емоција, нашите успеси, нашето страдaње… Но и нашите судбини. Знам и поорганизирани и поразвиени држави од нашата, но само Македонија е во нашите срца, незаменлива болка и среќа. Постојана борба, беа зборовите со кои Мицкоски го започна својот говор.

Дилемата, според Мицкоски е во тоа дали го оправдуваме заветот на татковците на оваа нација, кои деведесеттите се потпираа на асномците, а асномците на илинденците и се така наназад во нашата богата историја.

– Не сме дрво без корен, и работата е што корењата се премногу длабоки, а сеќавањата не напуштаат лесно. И не дека и во минатото не се правеле грешки во историјата, но секогаш имало мудрост да се прескокнуваат препреките. Нашето дрво беше засадено со крвта и страдањата на многу генерации кои веруваа во слободата, но овие 30 години истото сериозно е навалено и натежнато, истакна лидерот на опозицијата.

Како што рече, 30 години, колку што одбележуваме денеска, се доволен период за анализа до каде сме.

– 30 години се доволен период да се направи една опсежна анализа за тоа што сме денес, дали дрвото беше насадено правилно и зошто сега е најтешко и зошто сега е искривено. Кои беа очекувањата, каков беше заветот и каде дојдовме? Дилемата е дали го опрадавме заветот на татковците на оваа нација кои во деведесетите се потпираа на АСНОМците, а АСНОМците на илинденците, и се така наназад во нашата богата историја, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека по 30 години независност, за жал, не само што не го исполнивме заветот, туку и чекор по чекор ја губиме државата.

– Не сме дрво без корен, и работата е што корењата се премногу длабоки. А сеќавањата не напуштаат лесно. И не е дека и во минатото не се правеле грешки во историјата, но секогаш имало мудрост да се прескокнуваат препреките. Нашето дрво беше засадено со крвта и страдањата на многу генерации кои веруваа во слободата, но овие 30 години истото сериозно е намалено и натажено. Затоа можам, со горко чувство и со тага во мене да соопштам дека овие 30 години ги разочаравме основачите на независноста на државата. Не го исполнивме како држава во целост нивниот завет. А зад ова што го говорам е чувството дека по малку, чекор по чекор се губи државата. А работите се вртат во еден ист круг, заклучи Мицкоски.

 

Мицкоски потенцираше дека е време за големи работи.

– Најдоброто допрва доаѓа. А Македонија сме сите ние, Македонија сте сите вие. Од нас зависи. Сите ние сме ковачи на судбината и ние мораме да ги преземеме работите во свои раце. Да го препознаеме и издвоиме црното од белото, да ги препознаеме лажните пророци и вистинските синови и ќерки. На Македонија и треба нејзиниот народ, затоа што Македонија е тука за нас. Среќен роденден татковино. Биди исправена,биди достоинствена, биди пркосна, стаменита и вечна! Да сте живи и здрави! Да живее Македонија!.