-Не е суштината форматот, суштината е што ќе биде резултатот од евентуална лидерска средба.Првата би рекол неофицијална понуда од страна на луѓето и кабинетот на Ковачевски беше да биде лидерска средба односно претседателите на двете партии да седнат и да разговараат. Она кое што од моја страна беше кажано е доколку има лидерска средба од која што ќе имаме некаков резултат, од таа лидерска средба имаме две можни опции. Едната опција е таа која што ја застапува владата односно Димитар Ковачевски, а тоа е влегуваме во еден критичен период за државата, тие влегуваат со процес со уставни измени во Парламентот. Ние велиме тој процес нема да го поддржиме и според бројките очигледно нема да успеат. Така што втората опција е тој процес да не успее. Како одговорни луѓе кои што треба во овие одлучувачки моменти за државата да носат одлуки кои што ќе значат иднина за Македонија треба да ги разгледуваме и двете опции. Тоа е првата опција и да донесеме заклучок, првата опција е јасен заклучокот се знае отприлика сценариото ако успее тоа што ќе се случува, но да видиме што ќе се случува со втората опција ако не успее, рече претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат М во врска со лидерска средба за која сеуште нема добиено официјална покана.
Претседателот Мицксоки во текот на своето гостување во врска со лидерската средба посочи дека потребно е да има лидерска средба од која ќе има некаков заклучок, а не лидерска само за ПР.
-Искуството мое покажува дека во таков широк формат не лидерска туку тимска средба ајде така да ја наречеме никогаш не се носеле заклучоци, тоа е повеќе ПР егзибиција, поминати неколку часа внатре разговори на ова или она тема , да излеземе да дадеме изјава, да кажеме што се договоривме, ние ќе кажеме ништо не се договоривме и практично освен еден дополнителен спектакал за јавноста воопшто ништо нема да значи таа лидерска средба.
Јас напротив ценам дека во овие моменти кои што се суштински за државата е потребно после таква лидерска средба да излеземе со некаков заклучок, вели тој. Мицкоски порача дека ако има лидерска средба без суштина, без заклучок, тогаш подобро е и да нема лидерска средба.
-Сакам да кажам суштински е важно во кој момент организираат тие лидерска средба и на која тема. Ова е суштинско прашање за кое ние треба да разговараме. Ќе повторам треба да ја определиме иднината на државата, по кој пат ќе оди.Овој еден кој го застапува Димитар Ковачевски или вториот за кој ние викаме дека најверојатно ќе се случи бидејќи тоа што го застапува Димитар Ковачевски нема да го поддржиме и сега треба да донесеме сега некаков заклучок, не да ја разводниме ситуацијата па да излеземе надвор, да кажеме изјави и да си заминеме, додаде Мицкоски.