Според него за успех треба мотивација.
-Гледате првите луѓе кои дојдоа во општините се мотивирани, а наидоа на многу лоша ситуација. Но, тоа го констатиравме, ама тие работат посеветено затоа што се фантастично мотивирани. Тие за два месеци имаат исполнето повеќе отколку нивните претходници за 4 години. Првиот човек е тој кој мотивира, ако тој ви се јавува само да ви каже кој да го добие тндерот, ако малку време посветува на организација, нема тогаш мотивација. Така почнува разочараност и така сме неуспешни, рече Мицкоски.
Оттука, додаде тој, тоа во СДСМ не го гледам и затоа не очекувам прогрес во СДСМ, односно ќе се продолжи со заевизмот. Затоа според него треба да се оди на избори.
-Не очекувам на подобро, тоа се промени каде не гледам потенцијал за напредок.Ковачевски треба да добие легитимитет од народот, сега го нема. Тој сега остава впечаток на поклоник на Заев. Затоа треба да одиме на избори, вели Мицкоски.