Не сме сите исти, излегуваме на протест затоа што не се живее подобро во Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во „Стадион“ на Канал 77, говорејќи за претстојниот протест на 18 јуни, потенцирајќи дека граѓаните на сите анкети кажуваат дека треба да се излезе и дека државата оди во погрешна насока.
Мицкоски посочи дека откако Ковачевски ја презеде владата, нема ништо добро направено, напротив во Македонија работите станаа полоши.
– Поминаа 5 месеци и освен изјави од картончиња јас не можам да кажам што ги одбележа овие 5 месеци на Ковачевски, не може да се каже дека направил добар потег или реформа. Тоа што беше лошо стана полошо и не можам да издвојам нешто добро и тоа е причината зошто излегуваме на протест и зошто ќе има таков протестен период, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде и дека разни структури протестираа во Македонија и неодговорно е ако граѓаните на анкетите велат дека ако велат да излезете и ако велат дека оваа држава оди во погрешна насока, вие да молчите.
– Ако не се излезе на протест и не се бараат промени народот ќе мисли дека сите се исти, ќе си велат ВМРО-ДПМНЕ владее на локално ниво, другите на централно ниво, а народот живее посиромашно, нагласи Мицкоски.
Мицкоски изјави дека Ковачевски не излегол на избори и од државен аспект не застапува политика, туку ги штити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ и ревносно ги спроведува
– Прилично е вешт да ги заштити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ, потенцираше Мицкоски.