Ценам дека луѓето во Македонија се уморни од таков тип на ad hominem лична кампања. И за тоа денеска било кој човек на улица кога ќе го прашате и кога ќе му го поставите прашањето за политичар, првата асоцијација е негативна, и вели сите се исти. Зошто? За тоа што овој првиов кој што треба да биде пример, кој што треба да биде инспиратор за генерации на квалитет, практично е човекот кој што тоне во тоа политичко мочуриште и сите не влече надоле, нагласи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисјата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Мицкоски додаде дека за тоа секогаш се обидува да каже дека сите политичари не се како Зоран Заев, сите политичари не се исти.
– Јас сум сосема поразличен од Зоран Заев, не сакам да делувам прегорделиво. Едноставно не сме сите исти и затоа често велам дајте ни шанса да покажеме дека не сме сите исти. Таа е неговата кампања, кампањата на неговите соработници, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека од овие луѓе како Заев не може да се очекува проекти, од овие луѓе како Заев може само да се очекува криминал и корупција
– Проблемот е тоа како влијае врз нашите сограѓани и колку тоа тие сограѓани ги разочарува. Тоа е суштината бидејќи сепак сме 21 век, рече Мицкоски.