Немало средба со Зоран Заев, тоа е во фантазијата на оние луѓе кои сакаат од петни жили да останат на власт и на своите фотелји на Илинденска број 2 и повторно ќе кажам наместо тие да се занимаваат со сериозни работи да водат држава, тие повторно се занимаваат со рекла- казала , слушнал недослушнал, па овој му кажал, па го зголемил тоа и така тоа се пренесува
Таа кампања ја градеа, ја градеа, се до моментот додека не ја видовме онаа слика со Зоран Заев , Димитар Ковачевски, Миле Зечевиќ, Оливер Спасовски и тука се распрсна цела таа кампања што ја градеа седум до осум месеци ја градеа дека Зоран Заев и јас сме седнале и сме заговарале , па со одредени олигарски сме седеле, сме заговарале нешто, па тајни служби му дале докази на Ковачевски , а тоа беше средба официјална со комора, на која беше поканет и Димитар Ковачевски, ама тој не дојде во просториите на Стопанската комора, изјави Мицкоски.
Логично и природно е и премиерот и претседателот на опозицијата да разговараат со стопанските комори. Затоа постојат луѓе кои од ништо прават сензација, но ова е вистината, вели Мицкоски.