Како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата Мицкоски нагласи дека прв национален приоритет мора да биде борбата против пандемијата КОВИД-19 и преземање на мерки против здравствените и економските последици од истата.
Мицкоски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ стратешки приоритет е полноправното членство во ЕУ, но дека тој пат подразбира конкретни реформи кои примарно мора да се насочат кон реформа на правосудниот систем и борба со корупцијата.
Истовремено, Мицкоски додаде дека негово очекување е дека патот на Македонија кон полноправно членство мора да биде гледано единствено низ призмата на остварувањето на објективните критериуми за членство и во таа смисла тој очекува што поскоро отварање на пристапните преговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.