По тековните меѓуетнички тензии со поставувањето на крстот на Попова Шапка, но и најавите од албанските политичари за промена на химната и албанска химна по општините со доминантно албанско население, свој коментар даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како одговор на новинарско прашање на „Само интервју“.
Нема во Македонија албански општини, има само македонски општини. Сите тие општини се македонски, а бидејќи ние им даваме плата, граѓаните на Македонија, а Македонија ја дефинираат три основните симболи: знамето, химната и грбот. Не гледам ништо спорно ако се интонира македонската химна, вели Мицкоски.
Мицкоски даде споредба со турските малцинства во Германија или алжирско малцинство во Франција. Тој поентираше дека е неприфатливо албанска химна да се пее во која било општина на територија на нашата држава.
Се додека живееме под еден чадор, на територијата на Република Македонија тогаш мора да ги почитуваме основните столбови на Македонија, а тоа се: знамето, химната и грбот. Дали тоа го сакаат или не, тоа е нивен проблем, дециден е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски за крајот се обрати до албанските политичари, особено на оние од опозицијата:
Мојот совет до политичарите Албанци, посебно од оние во опозицијата. Да не подлегнуваат на етно-национализмот и шовинизам. Нема подоминантен од Али Ахмети во тој блок. Треба да влезат во порака каде има миграција и корупција, зошто фирмите блиски до ДУИ имаат милионски имоти, заклучува Мицкоски.
Мицкоски потсети дека и Албанците се селат, а заедно ги делиме проблемите со корупцијата и криминалот.
Се додека добиваат плата од буџетот кој го полнат граѓаните на Македонија, Албанците мора да ги почитуваат основните обележја, вели Мицкоски.
За крај тој се осврна на Албанците политичари кои бараат нова химна и категорично ја отфрли ваквата идеја.
Не само што не сум подготвен да разговараме за нова химна, туку тоа не треба да биде ниту тема за разговор, заклучува Мицкоски.