Иста компанија, „херојски“ авансни провизии, многу криминал и корупција. Не треба истрага, не треба специјални тимови, криминалот е насекаде. Треба избори и нови луѓе да ги водат институциите, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Новиот увоз на струја е за 7 дена, од 12 до 18 Декември, а ЕСМ за овој увоз „херојски” ќе плати со народни пари околу 2.500.000€. Од 7 Ноември до 18 Декември или за точно 41 ден, потрошени се вкупно 39.180.708€ за увоз на струја. Доаѓа крајот на корумпираните политички измамници. Доаѓа време за одговорност! Истакна Мицкоски.