Додека власта молчи за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Устав по хрватски терк, денеска Христијан Мицкоски со нов предлог до премиерот – лидерска или тет-а-тет средба наместо работни групи. Според Мицкоски, работните групи треба да се формираат дури откако Иницијативата ќе стигне до Собранието и ќе биде изгласана потребата од Уставни измени – за што исто така е потребно двотретинско мнозинство.

 

Наместо одговор, дали го прифаќаат предлогот на опозицијата што при тоа самите го пласираа како теза, Владата веќе на големо подготвува терен – објави повик за експерти и претставници на политички партии кои ќе учествуваат во работните групи. Рокот е до 10 април.  Министерот за правда Кренар Лога испратил барање до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии, до експерти кои имаат познавања од уставната материја

 

Потребно е политичко обединување со цел да се загарантира европската перспектива на нашата држава. За таа цел потребно е да се определи претставник кој има познавање од областа на уставното право кој активно ќе учествува во работната група при изготвувањето на уставните измени.

 

Со хрватскиот модел, кој претходно го нудеше и самата СДСМ, Македонија ќе биде држава на еден народ и на малцинствата во нејзе. Во Уставот на Хрватска јасно пишува „национални малцинства“, а во Уставот на Македонија „делови од народ“ – со што македонскиот народ е изедначен со останатите народи кои живеат во Македонија.

 

Додека СДСМ тактизира, и ги повика ВМРО-ДПМНЕ предлозите да ги достават во работните групи, дел албанскиот блок веднаш го отфрли предлогот на опозицијата. Според новиот коалиционен партнер, Алијанса за Албанците, времето на еден етникум во државава одамна завршило