Во интервју за неделникот Фокус, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говореше на повеќе актуелни теми, а изнесе и мислење за ситуацијата во албанскиот политички блок.

Цениме дека обединета опозиција кај албанските политички партии има голем капацитет да ја победи ДУИ. Дали тоа ќе се случи не знам. Но за жал, после оваа изјава тие ќе бидат предмет на кампања од ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ застанува до нив, зборува позитивно за нив, а не за ДУИ, и тоа може да биде прогласено за антиалбански гест. Но, ова е антикриминален гест, ништо повеќе.

Мицкоски ги отфрли обвинувањата на ДУИ, кој тврдат дека зад нападите кон нив всушност се крие омраза и нетрпеливост кон Албанците.

Нашето политичко однесување е антикриминалците, без разлика од која партија доаѓаат. Не дека немаме основано сомневање за сторен криминал на ДУИ во изминативе 20 години, но овие 2 години се реалноста во која живееме и таа е огромен генератор на институционален криминал, каде пред се и над се се луѓе од структурите и највисокото раководство на ДУИ. Тоа не значи дека СДСМ го оставаме на страна, но тие се во подредена ситуација, тие му асистираат во криминалот на ДУИ, како измеќари, како лакеи на криминалот на ДУИ се и чекаат трошки.

На прашањето Дали  работата е отидена предалеку и може да се најде во проблем ако мора да прави влада со ДУИ, ако само со нив може да стигне до мнозинство, како што СДСМ се најде после последните избори, Мицкоски го образложи својот став.

Граѓаните одлучуваат каква ќе биде идната влада, но нашата желба е ДУИ после 20 години да помине 4 години во опозиција, за да може да се реформира, реструктуира, да се освежи кадровски, за да може после 4 години да настапи на избори.

Мицкоски одговори и на прашањето, како се случило до овој степен да ескалираат односите меѓу ВМРО и ДУИ и дали  нападите над ДУИ се засилиле после интензивирањето на комуникацијата Ахмети-Груевски.

Политичкото подземје лиферува многу теории на заговори и така се обидува да ја замагли вистинската слика, а таа е дека ова ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори против секој обид за криминал и корупција. До нас стигнаа многу информации за многу сомнежи за сторен криминал на ДУИ и функционери на ДУИ и ние сме должни тоа да го објавиме и да се бориме против тоа.

И еден ден, кога ќе ги водиме институциите, тие ќе го истражат сето ова, кое, верувајте, во голема мера е поткрепено со докази, и врз основа на тие докази тие лица кои тоа го направиле да бидат изведени пред правдата. И оние теории на заговори…