Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање се осврна на предлог измените на Законот за регистрација на здруженија на граѓани, при што истакна дека власта 3 месеци ја лаже македонската јавност за измени на овој закон.

– Три месеци ја лажат македонската јавност дека они ќе предложат закон и видовме невидовме дека они не предложуваат, а клубови на соседни држави кои што носат имиња на докажани фашисти се отвораат низ Македонија, зедовме и ние предложивме и очекуваме поддршка од Владата или да кажат барем што е тоа што треба да се дополни во тој закон што не им одговара да го прифатат, рече Мицкоски.

Мицкоски исто така упати и апел до Владата и до претседателот на државата Стево Пендаровски да дадат поддршка на овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се стави крај на провокациите

– Ја користам оваа прилика и до Пендаровски и до Владата да упатам апел да се поддржи законот и да се стави крај на овие провокации, потенцираше Мицкоски.