Сепак според него граѓаните не треба да губат надеж, бидејќи добрите времиња допрва доаѓаат.

„Иако сега состојбата е таква каква што е, поради погрешните политики на актуелната власт, но и тоа ќе заврши. Граѓаните се чувствуваат безнадежно гледаат каква недисциплина владее во општеството во институциите, а тоа е резултат на погрешните политики на владата и хаосот што го создадоа, бидејќи кај нив нема знаење, туку само криминал и корупција“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека наскоро ќе има предвремени парламентарни избори.

„На предвремените парламентарни избори јас очекувам недвосмислена и огромна поддршка за опозицијата и коалицијата предводена о ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Мицкоски.