Тој потенцираше дека слуша и добива како информација од општините каде што се градоначалници избрани од ВМРО-ДПМНЕ дека се буквално оставени на милост и немилост од нивните претходници кога станува збор за сметките за електрична енергија.
– Но, еве сега се случи да покрај тоа што тупаници се делат по кафеани тука во Скопје, да практично сите овие трговци да ги раскинат еднострано договорите кои што ги имаат со општините и автоматски тие приоѓаат на снабдување кај универзалниот снабдувач ЕВН Хоум и цените се драматично високи, цените се практично за еден месец колку што до сега биле годишните сметки. Така штоп ваков тип на инсталации можат само да ги намалат тие трошоци и да помогнат во обезбедувањето на струја на објектите кои што се од јавен интерес, училиштата, градинките итн, рече Мицкоски.
Тој додаде дека Аеродром ќе биде и општина пионер за селекција на отпад поддржан од страна на Канцеларијата на Европската унија овде во Македонија и во период кој што следи ќе имаме уште проекти од ваков тип.
– Така што продолжуваме да работиме, продолжуваме да го исполнуваме тоа што се обврзавме во време на кампањата на овие локални избори и сакаме да покажеме дека не се сите исти, дека ние работиме, а тие знаат само да лажат и крадат, дециден е Мицкоски.