Стефковски гради успешна општина, што повеќе проекти толку повеќе среќни граѓани, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната негова посета на општина Гази Баба.
-Добар ден и од мене, задоволство е секогаш да се биде дел од една успешна приказна каква што се случува овдека во општина Гази Баба. Градоначалникот навистина заедно со советниците, со администрацијата, со луѓето многу посветено работат, да тоа што беше ветено за време на кампањата во 2021 година биде испорачано. Исто сакам да ја потенцирам и улогата на пратениците кои што преку амандмани во рамките на македонскиот Парламент се обидуваат секоја година кога имаме Буџет, кога имаме ребаланс на истиот, да обезбедат проект повеќе овдека за општина Гази Баба.
И навистина кога еден тим работи тимски, сложно, обединето, резултатите се видливи и тие мора да ги почувствуваат и граѓаните.
Така што ја јас користам оваа прилика да му честитам на Боби, на градоначалникот, на сите луѓе кои што посветено работат овдека во општина Гази Баба. Да ги охрабрам така да продолжат и во иднина бидејќи мора да покажеме дека не се сите исти. Дека имаме политичари кои што се на заминување и кои што за неколку месеци од денеска ќе бидат историја, и она што е важно никогаш повеќе да не се повторат на политичката сцена. Затоа што ќе остават голем пустош позади себе, а тој пустош ќе треба политичари кои што доаѓаат да го исфрлат и да донесат надеж кај граѓаните во Македонија. Да ја претвориме Македонија во успешна приказна, онаква каква што заслужуваат граѓаните и онаква каква што се надевавме дека ќе биде кога стануваше независна држава.
Така што еве само да ги охрабрам да продолжат така Боби, останатите, сите што се овдека со мене, што повеќе проекти, толку повеќе среќни граѓани, изјави Мицкоски.