Јас сум убеден дека за два дена од денес ќе се коплетира тимот за Град Скопје на ккој веќе актуелните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ќе му се придружат и Данела Арсовска, Нараша Котлар и Стевчо Јакимовски. Затоа драги пријатели, важно е во недела масовно да се излезе на гласање и да се поддржи опцијата која е докажана дека функционира и дека носи резултати, истакана денеска од Карпош претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој од вечерашниот предизборен митинг во општина Карпош истакна дека, гласот за Стевчо Јакимовски, е глас за Карпош кој ниди решенија, додавајќи дека само тој знам со колку страст, волја и енергија Стевчо умее да се бори за Карпош.
„Воедно, дозволете во оваа прилика да повикам да се поддржи Данела Арсовска за градоначалник на Скопје, заокружувајќи го бројот 82. Така ќе поддржите и добар тим кој ќе направи повеќе и за Карпош, но и за градот Скопје. Тим кој ќе решава проблеми и кој ќе донесе подобра иднина“, порача Мицкоски.
Тој ја искористи приликата да потсети дека во пет скопски општини уште од прв круг победија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата за „Обнова на Македонија“ и тоа дел од нив со победа од два спрема еден наспроти кандидатите од Социјалдемократскиот сојуз.
„Ја користам оваа прилика да потсетам дека веќе во Скопје, пет значајни скопски општини имаат градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“. Тоа се скопски Аеродром, каде што Тимчо веќе е градоначалник со победа два према еден, тоа е Кисела Вода каде што Орце е веќе градоначалник, со победа два према еден. Гази Баба, каде што Боби е веќе градоначалник со победа два према еден, Дарко во Бутел и Алексабдар во Ѓорче“, рече Мицкоски.
Јас сум убеден, додаде Мицкоски, дека за два дена од денес денеска, тимот ќе се комплетира и заедно со професорката Котлар, Стевчо Јакимовски и Данела Арсовска ќе имаме дрим тим овде во Скопје и заедно со другите градоначалници ќе направиме рекордни резултати за Скопје и скопјани.
Мицкоски испрати порака до граѓаните дека за нив и за Македонија доаѓаат подобри времиња и подобра иднина која заедно со граѓаните ќе создаваат и заедно во недела да славиме и да се радуваме на победата.
„Затоа драги пријатели, мојата порака до вас е, доаѓаат подобри времиња. Заедно да се избориме, силата на надежта е нескршлива, силата на надежта носи промени. Таа сила и таа надеж сте толму вие, таа сила таа надеж сме сите ние. Заедно кои сакаме да го живееме сонот на една подобра Македонија, во иднина која заедно ќе ја создаваме. Заедно да славиме победа и заедно да се радуваме“, порача Мицкоски.