“Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи.” велеше Крсте Петков Мисирков чиј живот згасна на денешен ден во 1926та година.
Оваа негова изјава е актуелна и денес. Мисирков ни остави значајно оружје во културното опстојување на нашиот народ, земја и јазик. Од сите нас зависи каков однос ќе имаме спрема грамадните дела на нашите предци и каква иднина ќе им оставиме на нашите деца, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.