Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се уште нема официјална покана за лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, која тој ја најави преку медиумите. Тој рече дека не се знае ниту дневниот ред или пак форматот на евентуалната средба.
Мицкоски посочи дека треба да се разговара за стратегија после неуспехот на уставните измени за што, бидејки се понеизвесно е дека тие нема да се случат, затоа што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да поддржи.
– Она кое што е значајно да се каже е дека до овој момент, ние официјална покана од страна на Димитар Ковачевски, како политичка партија, немаме. Ниту пак имаме дневен ред според кој ќе се разговара, ниту пак имаме предлог формат, официјално, кој што би бил таму на таа лидерска средба. Она кое што е значајно да се каже, е што доколку уставните измени, кој што ги предвидува владата на ДУИ поддржана од СДСМ, не поминат. Тоа е многу важно да се каже и треба да видиме каков е планот понатаму, бидејќи ние не можеме да ја заклучиме државата, не можеме да ја заклучиме Македонија и да не знаеме што доколку не успеат. А, се поверојатно е дека тие нема да успеат. Ако веќе ги најавуваат дека ќе влезат во собраниска процедура, тоа е едниот дел од планот, но доколку не успеат, а се поизвесно е дека нема да успеат бидејќи ние, како коалиција, како ВМРО-ДПМНЕ, нашата пратеничка група нема да ги поддржи. Што правиме понатаму? Мислам дека и за тоа треба да се разговара, но претходно да почекаме, да водиме кој би бил форматот, каде би било местото, времето, денот. Практично, немаме ништо освен изјави на Димитар Ковачевски во јавноста, истакнал Мицкоски, соопштија од ВМРО – ДПМНЕ.