На заедничка прес-конференција со градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, Христијан Мицкоски соопшти зошто овој проект е важен.
Неговиот говор го пренесуваме во продолжение:
За мене претставува големо задоволство денешниот ден бидејќи Општина Аеродром покажа и докажа дека кога напорно се работи и посветено се работи може да се постигнат и на локално ниво европски успеси. Како што е почетокот на овој проект.
Жителите на општина Аеродром ќе имаат навистина едно би рекол посебно решение кое што ќе одговара на нивните потреби. И она што е важно како што и самиот проект вели ќе се зголеми транспарентноста, ќе се зголеми отчетноста во однос на тоа каква е навистина животната средина, квалитетот на воздухот, но и истовремено ќе се намалат трошоците кои што во моментот Општина Аеродром и граѓаните на општина Аеродром практично ги плаќаат. И ќе останат повеќе пари и средства за капитални инвестиции.
Така што уште еднашка му честитам на градоначалникот Тимчо, на советниците на Советот, на администрацијата за сето она кое што го направија.
Претпоставувам или да бидам попрецизен сигурен сум веќе и градоначалникот и гостинот денеска направија презентација за каква компанија станува збор, дека котира на белгиската берза, дека ќе инвестира девет милиони евра. Практично дека локални партнери се А1 и Ассеко. Така што навистина претставува еден фантастичен проект кој што очекувам да се прошири и во другите општини во Македонија, но од Македонија да го прошириме и во другите држави во регионот.
Така што уште еднашка честитам и нека ни се множат ваков тип на проекти.