Мицкоски и Оријан разговараа за потребата од дополнително подобрување на билатералните односи помеѓу двете земји преку конкретни проекти. Истовремено, Мицкоски се заблагодари за поддршката што ја дава Израел на Македонија од својата независност.
Мицкоски го информираше Оријан за внатрешно политичката состојба во Македонија, нагласувајќи дека недостатокот на соодветна борба против корупцијата е една од клучните причини поради кои Македонија не привлекува доволно странски директни инвестиции.
Во таа насока Мицкоски ја истакна заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за создавање на добро деловно окружување преку систематски реформи.