Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, одржа средба со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, г-дин Клеменс Која.

Средбата се одржа поради тоа што се ближи крајот на мандатот на господин Клеменс Која при што претседателот Мицкоски му се заблагодари за долгогодишната посветена работа во Македонија, како и придонесот кој ОБСЕ го дава за градење на институциите, владеење на правото и подобрување на демократските процеси.

Претседателот Мицкоски во текот на средбата го истакна значењето на референдумот кој доаѓа поради наметнатите потценувачки услови за отворена бугаризација и идентитетско редефинирање на Македонија, нешто што владата на СДСМ го прифати.

ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција на Македонија во рамките на Европската Унија без никакви дилеми, но ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на историски факти, откажување од посебноста на јазикот и идентитетско обезличување.

Македонија потребно е да тргне во вистинска насока, а тоа може да се случи со референдумот и со предвремени парламентарни избори.