Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева и меѓународниот секретар Стефан Андоновски имавме средба со претставници на Националниот Демократки Институт во Македонија на која присуствуваа Роберт Скот Хeјзлет, виш директор на НДИ Македонија како и Сандра Пепера, директорка на НДИ Програма за род, жени и демократија и Моира Вилан, директорка на НДИ Програмата за демократија и технологија.

-Разговаравме за актуелната политичка и економска состојба во Македонија, за надворешната политика која ја води владата и за менаџирањето на институциите и парламентот. Ја истакнав заложбата која ВМРО-ДПМНЕ ја дава во состојба на економска и енергетска криза, но и во состојба на водење на погрешна надворешната политика, но ја истакнав и потребата од одржување на предвремени парламентарни избори со цел новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ вистински да се заложи за демократизација на општеството, истакана Мицкоски.

Воедно, упативме и благодарност до Националниот демократски институт за континуираната поддршка која ја дава на ВМРО-ДПМНЕ во јакнење на капацитетите на партијата, додаде тој.