Мицкоски порача:
-Ние не сме партија на политички измамници којашто едно збори пред граѓаните и друго прави, па потоа заборава на своите ветувања, туку сме партија која си стои на зборот
Тој истакна:
-Политиките од нашиот концепт предвидуваат она зголемување од акцизата за три денари плус данок на додадена вредност за дизел горивото, и парите кои сега непродуктивно се трошат, да се вратат назад кај граѓаните и тоа годишно се планираат 600-тини милиони денари или 10 милиони евра вложување во образованието, реконструкции на училишта, реконструкции на игралишта , обнова на помагалата во училиштата, вкупно 10 милиони евра од акцизата назад кај граѓаните, пари кои сега се трошат од страна на оваа влада, ќе бидат наменети за инвестиции во културата, во спортот , вкупно 40 милиони евра во еден мандат, пари кои денеска се крадат наместо да се вложуваат
Мицкоски говореше дека тие пари коишто се заробени од граѓаните, а потрошени за плачка , криминал и непродуктивни трошоци кои влaста ги прави, ќе се вратат назад кај граѓаните како проекти и инвестициии во образованието, културата и спортот.