Мицкоски рече дека прво, Петков деновиве во интервју за бриселски Политко, откако е избран за премиер, односно сега вели дека не постои политичар кој веднаш ќе потпише договор со Македонија бидејќи неговата влада ќе падне веднаш. Или како што рече, ако направите профил на неговата личност храброста не му е карактерна особина. Второ, рече Мицкоски, тој исто вели остануваме на ставовите за историските проблеми истите ги надградуваме и засилуваме.

-Тој значи има ултра тврда позиција, а нашиве политичари тоа го поздравуваат, вели Мицкоски.

Според него тоа е најголемиот проблем што државниот врв нема конзистентна политика.

-Ако имаме вакви политичари кои на дневна основа ја нарушуваат нашата позиција, не правиме ништо. Најголем проблем на нашиот државен врв е што немаат конзистентен став. Нивните ставови се како пластелин и во тој случај народот губи, рече лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Мицкоски.