Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да денешниот митинг во општина Ѓорче Петров пред граѓаните, го нарече Петре Шилегов, Худини бидејќи само тој успеал 12.5 милиони евра од Градската куќа да ги потроши, а никој да не знае каде и како.
-Петрета го викаат и Худини. Само него може да му успее да стопи 12.5 милиони евра добиени од продажбата на Градската куќа која ја градеше Трајановски. Досега се нема случено толку брзо и толку „најдобро“ да се стопат точно 12.5 милиони евра и никој да не виде ниту трага ниту глас. Да завршат изборите па ќе видиме што ќе покаже истрагата, порача Мицкоски.