-Тие преговори и разговори со десетина пратеници се уште актуелни, но во моментов нема нешто ново што би можел сега да кажам иако се надевам дека многу погласно за ново парламентарно мнозинство ќе можеме да зборуваме по локалните избори, на кои очекувам голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и се разбира ново парламентарно мнозинство и нова политичка реалноста по локалните избори. По локалните избори со тој победнички бран што го очекувам, очекувам пратениците да се ослободат од притисокот и многу полесно да ја донесат одлуката за ново парламентарно мнозинство, вели Мицкоски.

Опозицијата најавува ново мнозинство повеќе од една година но до овој момент од најавите нема ништо.