Како што бев загрижен пред состанокот, истата грижа ја споделувам и сега. Ова беа првите зборови на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.
Мислам дека во периодот што следи е потребно силно да работиме да ги надминеме сите проблеми што очиглено ќе ни се случуваат. Бидејќи дека она првичното сценарио, да ни бидат во функција сите капацитети, е тешко да се реализира. Од страна на Ковачевски лице за контакт беше назначен Крешник Бектеши. Веднаш после средбата ќе го контактираме и ќе му ги пренесеме нашите контакти.
Предлагаме позицијата што ќе обезбеди значителен поевтин ресурс за ТЕЦ Неготино, со што ќе произведеме струја два пати поевтина од берзанската. Идејата е таа струја да ја намениме за стопанството, за да спасиме работни места, рече Мицкоски
Тој додаде дека според нивните информации, денеска во РЕК Битола работи само еден блок, исто како и во ТЕЦ Неготино.