Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот централен митинг во Штип порача дека победата е на дофат, дека оттука започнува крајот на власта на СДСМ и Зоран Заев и доаѓа создавањето на новата иднина, затоа поабра од граѓаните на Македонија да не наведнуваат глава како што сака власта туку гордо со подигната глава да излезат на 17 октомври и да гласат за промените.
– Народе на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци мора да знаете мојата битка е и ваша битка, а целата ни е иста. Земете учество во создавањето на новата иднина. Оваа наша генерација е таа која ќе се избори за промени, која ќе ги оствари синовите во кои сме верувале и за кои сме мечтаеле, рече Мицкоски.
Тој истакна дека излегувањето на гласање е најдобар одговор и на поткупот кој го прави власта овие денови.
– 150 евра по глас кои ги нудат знајте дека тоа се вашите пари, украдени во туѓите џебови, затоа така и лесно ги даваат не се помачиле да ги заработат. Но треба да ззнаете дека зад параванот сте сами. Вие и вашето ливче, вие и вашата желба за иднина. Вие и нашата заедничка иднина. Победата е на дофат. Победата е тука. Излезноста е клучот. Тие сакате да наведнете глава, јас ви велам главата горе, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека нема невозможни работи, потребна е челична волја и верба, а нашата борба е за сегашните но и идните генерации по нас, вреднувајќи ја жртвата на нашите родители, и желбата за успех на нашите деца.