Катастрофалните политики на владата на ДУИ поддржана од СДСМ продолжуваат. Имено, стоковата размена со странство, покриеноста на увозот со извозот во 2022 година е најмала во последните осум години, според државниот завод за статистика.
Какви се бројките на покриеноста на увозот со извозот?
2015 година – 70,2%
2016 година – 70,9%
2017 година – 73,4%
2018 година – 76,5%
2019 година – 76,2%
2020 година – 76,1%
2021 година – 71,8%
2022 година – 68,4%
Неспособноста, освен тоа што е главна карактеристика, таа е заразна за оваа влада, надополнета со неизмерен криминал.
Имаат две заеднички цели, лично богатење и свесно уништување на институциите на Македонија. Набргу од денес за криминалот и несовесното работење ќе има одговорност. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.