Шокантно е тоа што се случува, затоа што тие што ги повторија 40тина градоначалници се убедливо најнеспособните градоначалници во нивните општини и тоа не е мое мислење, погледнете ги анкетите, тие ќе ви дадат одговор, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа за одлуката на СДСМ за кандидати за градоначалници.
Мицкоски, додаде дека понудата на СДСМ за градоначалници е од лоша полоша, посочувајќи го примерот за избор на кандидати за Прилеп и Битола.
Но, врв кај мене беше што во двата клучни града во Пелагонија едниот е Прилеп, другиот е Битола они практично капитулираа и признаа дека четири години биле неуспешни и сега кога имате таква една ситуација дека четири години сте ги лажеле жителите на Прилеп и Битола. Станува збор за 200.000 луѓе, вие сте ги лажеле, и сега тие велат во ред прифативме, не лажевте, за Прилеп го носат човекот кој што за македонската политичка сцена е може да и конкурира на Радмила Шекеринска, тука е некаде 29 или 30 години, малку беше пратеник, па малку шеф на пратеничка група, па малку министер, па малку во Царина и сега ајде малку градоначалник, рече Мицкоски.
Значи они вадат од лошо полошо. Ајде Битола да ја видиме, до вчера тој го обвинуваа дека бил со ВМРО, држеа прес конференции, сега му седнаа во скут, тој што ја замени актуелната градоначалничка, изјави Мицкоски.