-Во таа комуникација, сега е непристојно јас детали да вадам, но генералната моја поента беше да не попушта на притисоците бидејќи македонскиот народ и македонската држава немаат веќе што да даваат, ниту пак што да губат. И дека тука сум јас, тука е и ВМРО-ДПМНЕ ако му треба поддршка во таа одбрана на македонскиот идентитет, дека му стоиме на располагање, додаде Мицкоски.
Мицкоски додаде дека за прашањето со источниот сосед ВМРО-ДПМНЕ и тој лично му стоеле на располагање само да не попушта во преговорите, Македонија веќе нема што да даде, не се потребни штетни договори.
-Деталите е непристојно да ги зборувам, но генерално тоа беше последната комуникација со Заев, нагласи Мицкоски.