Последни подготовки пред поаѓањето на терен. Со народот до промени и заедничка иднина за сите, најави денска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Инаку, во наредниот период ќе има трибини на отворено и граѓански собири во 12 града низ државава и 19 тимови со вкупно 200 луѓе кои ќе прават посета на над 700 населени места низ државата.
Мицкоски на вчерашниот брифинг со новинарите посочи дека ВМРО-ДПМНЕ почнувајќи од овој петок (28.04.2023) започнува со акција „Ова е Македонија за сите“ која ќе трае до роденденот на партијата 17 јуни.
19 тимови со вкупно 200 луѓе секој викенд ќе бидат помеѓу граѓаните и ќе посетат над 700 населени места низ државата.
Воедно во рамки на акцијата ќе се одржат серија од 12 поголеми трибини посветени на темите кои го засегаат македонското општество.
-Доста беше беда, понижувања, сиромаштија и иселување, нема повеќе време за губење.
На Македонија и граѓаните им се потребни промени и потребна е иднина за која ќе се избориме заедно сите. Заедно со народот ќе ја издигнеме Македонија од оваа беда во која ја донесоа СДС и ДУИ и заеднички ќе ги поразиме.
Шанса не само за една, туку за сите генерации заедно оставени на страна овие 30 години.
Шанса за заедничкиот патриотизам во кој веруваме.
Ова е Македонија на заедништво и нов заеднички патриотизам на рамноправни.
Нашата борба е за европски вредности базирани врз меѓусебно почитување и самопочит.
Нашата борба е вредности, идеал и кауза.
Нашата борба е да ја обновиме Македонија. Промените да победат, за заедничка иднина!
Ова е Македонија! Македонија за сите!- се дел од пораките од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.