Настрана од политиката, настрана од отсуството на морал, кој видовме дека го немаат, прашањата кои секој еден човек ги поставува и се во рамките на здравиот разум се следниве:

➡️ Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?

➡️ Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?

➡️ Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?

➡️ Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?

➡️ Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?

➡️ Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?

➡️ Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?

➡️ Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?

➡️ Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?

➡️ Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?

– Фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината, напиша Мицкоски.