Прашан за тоа што ќе направи Владата во однос на отворениот предмет на Државната комисија за спречување корупција за именувањето на Христовски за директор на АНБ, премиерот рече дека ќе го чекаат мислењето на Комисијата.
Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Христовски за директор на АНБ по пристигнување анонимна претставка до Комисијата во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.
Наводите, според претседателката Татјана Димитровска, се однесуваат на неисполнување услови за именување на директор.