„Да видиме прво дали е здрав, прав човекот. Освен порака на социјалните медиуми, друго не знаеме. Физички што се случува со човекот, дали е некаде против своја волја или е доброволно таму. Да ги видиме тие вредности што ги споделува затоа што пратеници туку така не исчезнуваат“, истакна Мицкоски.

Тој го обвини и претседателот Стево Пендаровски, кој како што вели, е најодговорен во вакви ситуации.

„Претседателот на државата кој што е најодговорен во вакви ситуации, со претседателот на Владата се уште немаат став за тоа каде се наоѓа пратеникот, бидејќи пратеник од македонското Собрание нема. Ние не знаеме дали тој е киднапиран и се држи без своја согласност и доброволно, или пак доброволно се држи и е избеган“, додаде Мицкоски.

Инаку, пратеникот Реџепи денеска објави на својот Фејсбук профил дека нема да присуствува на седницата за гласање на недоверба на Владата, со што овозможи партиите да немаат кворум.