Јас ќе ве молам внимателно да ги следите изјавите од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ кажа уште пред неколку месеци дека ја прекинува било каква официјална или неофицијална комуникација со владата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан дали власта има некаква формална или неформална комуникација за новиот Закон за амнестија или пак сама сама него го подготвува.

Мицкоски додаде дека ниту има некаква официјална, или неофицијална, ниту пак ќе има официјална или неофицијална комуникација со овие луѓе во оваа влада, ниту пак има било каква точка или запирка додадена вредност во текстот на тој закон кој што е предложен.

„Тој закон кој што е предложен, а од вчера и на јавноста достапен е Закон за амнестија на криминалци за кои одредени политички партии во минатото даваа ветување дека или ќе бидат ослободени целосно или делумно. За жал, тие политички партии или дел од тие полтички партии денеска се од владата и можете да видите дека таквиот закон не одговоара ама буквално ниту на потребите, ниту на очекувањата на граѓаните и во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го поддржи овој Закон за амнестија, туку и истиот, преку демократски алатки, ќе го блокира“, рече Мицкоски.