За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски прифатлив е хрватскиот модел на Устав, каде што Македонија ќе биде унитарна држава на македонскиот народ и на сите останати малцинства: Албанци, Турци, Роми, Срби…

-Република Хрватска е нционална држава на хрватскиот народ и држава на останатите малцинства: Срби, Чеси, Словаци, Германци, Австријци, Унгарци, Укринци, Руси, Бошњаци, Словенци, Македонци, Бугари, Турци, Роми, Власи и други кои се државјани и имаат еднакви права со хрватските граѓани и остварување на националните прва според демократските норми на ОН и земјите во слободниот свет, пишува меѓудругото во хрватскиот Устав.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање како ги коментирате тезите на СДС и ДУИ дека уставните измени би можеле да се направат по примерот на Хрватска каде во Уставот има широко набројување на етничките заедници рече дека ако тоа е формулата за успех таква уставна измена ВМРО-ДПМНЕ одма ќе прифати.

-Па не знам дали се сигурни дека сакаат да биде според преамбулата во Хрватскиот Устав, еве јас сум подготвен ако е тоа формулата за успех уште утре да ја отпочнеме процедурата, да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во нејзе, еве ако сакаат уште утре да ја отвориме преамбулата на Македонскиот Устав и да го направиме тоа според хрватскиот терк само да не се каат после тоа, да не речат некои други етнички заедници, па да речат, а не било баш така како што они кажуваат. Инаку ако сакаат еве според преамбулата во Хрватскиот Устав веднаш, не знам дали ја прочитале, не знам дали виделе или така на памет само си кажуваат, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ одма прифаќаме, таква уставна измена прифаќаме, рече Мицкоски.