Зошто зборувам за бугарски диктат, затоа што нашиве се жртви на руските интереси на Балканот, затоа што македонскиот идентитет два пати во минатото е жртва на руските интереси на Балканот, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 21 во емисијата Клик плус.
Тој објасни за што станува збор.
„Еднаш со Стан-стефанскиот договор кој со Берлинскиот конгрес е поништен, во тоа време Бугарија воопшто и не е држава и тогаш Русија застанува зад бугарски интереси дозволува Македонија денешна да биде анексирана кон Бугарија. Вториот пат е кога Бугарија го напушта Бледскиот договор по налог на Сталин, и третиот, кога Ковачевски потпишува Анекс на Договорот за доброседство со Бугарија со Кирил Петков“, рече Мицкоски кој дополни и зошто го зборува тоа: „Зошто ова го зборувам, 1947 кога е потпишан Бледксиот договор и кога се договориле Тито и Горги Димитров потпишале договор во кој јасно е дефиниарно коај е обврската и кои се позициите на Бугарија во однос на македонската заедница која живее во тој период во Пиринска Македонија и го регулираат начинот на употреба на македонскиот јазик во училиштата и во 1947 во Благоевград е основан македонски народен театар. И кога збореа дека кога го потпишаа Договорот Заев-Борисов, први август 2017 година имаше за цел да го натсинхронизира 1 авхуст 1947 година кога Бугарија прифаќа македонски јазик, идентитет и дава права на Македонците во Пиринска Македонија, тогаш добиваме ние како народ културна автономија се образуваш на свој јзаик и имаш културни институции и тогаш“.
Мицкоски укажа дека „тогаш не било дилема за никого кога Пиринска Македонија ќе се припои кон Македонија. Прашање е само начинот. За време на Информбирото, Сталин заедно со тогашното бугарско раководство одлучува Бугарија да го напушти тој договор и да ги укине правата за културна автономија“.
Оттука укажа Мицкоски „ние бараме културна автономија нешто што сме имале Македонците во Бугарија го имале. Ние имаме Европски суд за човекови права кој одлучува во корист на Македонци во Бугарија, а Бугарија не го применува и велат не можеме да ја убедиме Бугарија. А јас да прифатам нешто во што сум учествувал, авие не можете да ги натерате да почитуваат европска институција.“
Мицкоски заклучи „дадов историста ретроспектва и жалам што денес во 21 век има земји дел од ЕУ кои се повторно заложници на руските интереси на Балканот“