-Рамковниот договор е завршена работа, а приватни паради во историски најтешки времиња се неприфатливи. Наместо парите да ги пренаменат за други граѓански потреби, одлучиле да слават кога најмалку е време за славење. А во меѓувреме каква е реалноста? Гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово и после 4 години се уште не е реновирана. Нема ниту збор од канализацијата во Другово, пишува тој на својот Фејсбук профил.

Мицкоски потенцира дека неколку километри автопат кон Косово и после година и половина не е мрднат од почетна точка.

-Исто болат солзите на мајката Македонка, Албанка, Турчинка, Ромка, Србинка…, кога се разделува од сопственото чедо кое заминува во туѓина поради тоа што не добило шанса во Македонија и уште многу, многу порази…. Парадата ќе заврши, парите ќе се потрошат, коктелот ќе се испие, славењето ќе помине, а реалноста ќе остане, а таа реалност боли, пече поради неспособните политичари. Тие од Владата ќе продолжат да ме навредуваат со сиот гнев што го имаат кон мене, тоа го прават 4 години затоа што се уплашени, крајот доаѓа, а со крајот и одговорноста, но заедно со одговорноста нудиме чест, визија, многу работа и иднина. Вие, граѓаните за нешто повеќе од два месеци одлучувате во каква Македонија сакате да живеете, порача Мицкоски.