-Едно од тие ветувања е и ова основно училиште кое што беше во градба би рекол, 2.400 квадрати, повеќе од 15-тина училници кои што ќе бидат опремени со најсовремена опрема за следење на наставата на дечињата. Околу 450 деца во една смена и инвестиција околу 2 милиони евра, милион и 800 илјади поточно до оваа фаза во која што е сега, дополнително ќе биде и опремувањето . Тоа што кажа градоначалникот за прв пат ќе биде воведена и целодневна настава во ова основно училиште. Она кое што исто така за прв пат ќе биде направено, а кое што очекувам и да биде пракса во иднина, а тоа е изработката на современа т.н. сензорна соба за дечињата со попреченост. Цениме дека на овој начин ќе им олесниме и на родителите од општина Илинден, но исто така и дечињата кои што ќе посетуваат настава овдека ќе бидат задоволни од квалитетот на добиеното знаење, што претставува и наш приоритет. Бидејќи најмладите се нашиот главен приоритет и вложувањето во нивната иднина е наш приоритет бидејќи ние се обврзавме во оваа кампања да создаваме заедно нова иднина, односно да одиме напред, а не да се враќаме назад, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека ќе работат на терен заедно со граѓаните

-Очекувам дека со почетокот на следната учебна година односно со први септември 2022 година ова училиште ќе биде целосно пуштено во употреба и ќе можат нашите најмили, дечињата да се израдуваат ете почнувајќи го првиот училишен ден во ова училиште овдека во општина Илинден. Продолжуваме и понатаму да работиме на терен заедно со граѓаните, продолжуваме заедно со граѓаните да ја создаваме новата иднина, и сето она кое што беше ветено во оваа предизборна кампања да го испорачаме до граѓаните кои што се практично газдите односно стопаните во оваа наша Македонија. А, ние сме тука да служиме на овој народ, на народот на Македонија без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и останати. Тоа е она кое што мене лично ме прави горд и се обврзувам дека заедно со градоначалниците континуирано овој напредок на испораката на дадените ветувања ќе го следиме од лице место заедно со граѓаните, порача Мицкоски.