ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи каква било интервенција во преамбулата на Уставот без писмени гаранции од бугарскиот парламент, изјави Мицковски, повторувајќи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за вметнувањето на бугарите во Уставот е јасен.
Мицкоски не сака да ги цитира изјавите на претседателот Пендаровски по ова прашање кој е на ставот за писмени гаранции, туку вели дека го изнесува само ставот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Не ги цитирам изјавите на Пендаровски, но само ќе кажам дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен: ВМРО-ДПМНЕ не може и нема да поддржи, за што се потребни 2/3 во парламентот, каква било интервенција во преамбулата од Уставот, без притоа да добиеме од бугарскиот парламент јасни гаранции изгласани дека од тој момент до денот кога ние ќе бидеме земја членка на ЕУ, сите отворени прашања се затворени и нема да има дополнителни барања од бугарска страна. Дури тогаш може да седнеме и да разговараме за да се менува преамбулата и делот од бугарскиот народ кој живее во Македонија да биде вклучен, бидејќи, и со тој каков-таков попис, околу 750 граѓани се изјасниле дека се Бугари, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицковски во Прилеп каде учествуваше на отворањето на обуката на тема „Јакнење на капацитети на локалните заедници“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, на ВМРО-ДПМНЕ и на партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“.