Мицкоски посочи дека додека Заев носи поздрави од Меркел и Макрон, Бојко Борисов како премиер на Бугарија на истиот самит на ЕУ, донел помош во Бугарија од дури 38 милијарди евра.
–Не можам да се начудам на нивната ароганција и малодушност. Заев пред некој ден кога дојде од самитот на ЕУ се пофали дека иако нема датум за ЕУ ни пренесува поздрави од Макрон и Меркел. Се сеќавам кога тогашниот премиер на Бугарија Бојко Борисов се врати од еден таков состанок на ЕУ и однесе вест во Бугарија дека донел ни помалку, ни повеќе туку 38 милијарди евра помош, а овој нашиот ни пренесува поздрави од Макрон и Меркел, рече Мицкоски.
Мицкоски вели дека со Зоран Заев нема Европска унија, додавајќи дека од него не може ништо да се очекува.
-Што се однесува до датумот секој октомври ни вели ноември ќе биде, а во ноември дека ќе биде декември и се така 52 месеци или години по ред, затоа што реалноста е дека со Заев нема ЕУ и овој човек ништо не можете да очекувате, никакви резултати кои што ги ветува, вели Мицкоски.