Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски обелодени дека се зацврствува пријателството со Унгарија, преку посетата на неговиот колега Виктор Орбан. Тој на прес-конференцијата по средбата со делегацијата на унгарската влада изјави дека дома ќе продолжат да се решаваат проблемите, но дека е добро што имаме пријатели во рамки на ЕУ и што тие сакаат да го шират нашиот глас во Брисел.

Според Мицкоски, имаме огромна поддршка од Унгарија. Им посака се најдобро на албанската влада во процесот на преговори и што побрзо да станат земја-членка.

Жалам што поради оваа одлука, само две страни беа задоволни, а тоа е без исклучок политичарите кај нашиот источен сосед и опозицијата во земјава. Само тие беа двете страни што се радуваа на одлуката на ЕУ, која не е фер и многу погрешна кон македонските граѓани. Тоа е што е, мораме да занимаваме со реалноста, ќе продолжиме напорно да работиме и можеме еден ден и ние како и другите народи, ќе бидеме оценувани по исполнување на Копехашките критериуми, а не по билерателните проблеми за Средниот век. Сакаме да зборуваме за иднината, рече премиерот.