Само квалитетот може да ја води Македонија напред, или само лица вработени по основа на квалитет, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на насеба Драчево во општината Кисела Вода одговарајќи на новинарско прашање за информациите за вработувања по основ на партиска припаднпст што е причина младите да ја напуштаат земјата.
„Одговорот мој ќе го поделам во два дела. Првиот дел ќе ви одговарам како универзитетски професор и педагог кој секој ден комуницира со тие млади луѓе на Универзитетот. И вториот дел од мојот одговор ќе биде, како што вие рековте, како претседател на најголемата политичка партија во Македонија. Често пати на настаните зборувам дека огромно мнозинство од моите студенти би рекол 8 од 10 после дипломирањето одлучуваат да ја напуштат Македонија токму поради овие причини кои ги наведовте, а има и други. Но овие се оние кои се многу важни. Токму затоа што немаме меритократија, поради таа партизација, бадентеризација и балансеризација, наместо по квалитет, и во здравството се вработува по балансер и бадинтер и има уште еден критериум, а тоа е дуизација. И навистина како професор можам да кажам дека тоа мора да застане и сите да застанеме против тоа, и да останеме доследни на меритократија. Јас можам да влијаам кај градоначалниците кои се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.
Вториот дел, додаде Мицкоски, јас како човек доколку добијам можност да ја водам владата можам да ви ветам дека мерит системот ќе биде основа.
„Квалитетот треба да ја води Македонија напред, а не балансерот или бадинтерот или партиската книшка. Само со мерит сиситемот можеме да одиме напред“, заклучи Мицкоски.