„Не може да е завршен Преспанскиот договор, а ние да сме најкорумпираната и најкриминалната држава во Европа и тоа на 111-то место сме. Не може да е завршен Преспанскиот договор бидејќи не сме земја членка на ЕУ. И не може да е Преспанскиот договор завршен се додека Тони го гледам дома и ми вика во очи, тато носи ме во Македонија, тој така го вика Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Не може додека постои ВМРО-ДПМНЕ да е завршен Преспанскиот договор“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисјата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Мицкоски додаде дека Преспанскиот договор нема да биде завршена работа, не може да му се дозволи тој што го поддржува договорот да му дадете право да краде.
„Не може вие да имате двојни стандарди, ако е некој пропреспа тогаш да му дадете дозвола за убивање, да прави што сака, даа краде, да пљачка, да нема реформи, да лаже. Не може. Тоа не го прифаќам“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека тоа е не е дел од неговите вредности. Во Македонија не треба да имаме криминалци во политиката, да немаме корумпирани политичари. Во Македонија мора да владее законот и да има реформи.