Неделниот ручек е во рацете на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски, па затоа тој ги засука ракавите и се фати за скарата. Во дворот во семејната куќа во Влае семејството Мицкоски ги очекува специјалитетите на главниот скараџија. Фотографија од „работното место“ Мицкоски објави на Фејсбук и сподели дека времето поминато со семејството му ги полнело батериите.

Од Сирна недела, па Прочка, сѐ до Христовото Воскресение, пост за мир во душата, Бог да помага секому
За Велигден или 1 Мај јас сум задолжен за скарата. Во ова динамично и турбултентно време, времето поминато со семејството ги полни батериите за предизвиците што следат.
Христос воскресна!
Имајте радосни и среќни моменти каде и да се наоѓате“, напиша Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.