Вчера бев да се вакцинирам иако на 23 август правев тест и имам близу 1200 антитела, ама бидејќи сум лимитиран, не можам пристојно да се движам низ државата поради катастрофално глупавите мерки, и вчера бев да се вакцинирам со сопругата во салата Борис Трајковски, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Мицкоски укажа дека тој тоа не го право со камери, бидејчи за таква работа нема потреба од камери како што та го прават некои.

„Вчера ја добив вакцината и за еден час можев да седнам било каде, дополнително никој не знае ни дали докумнетот е мој, нешто што е целосно неприменливо. Вработените не се вакцинирани, а гостите треба да се вакцинирани“, посочи Мицкоски.

Тој укажа дека ако власта и надлежните не знаат што да прават треба да видат што се прави во другите држави.