Мицкоски истакна дека оваа власт нема намера да понесе одговорност затоа што тоа се картели кои меѓу себе си местат тендери и затоа еден со друг не можат да си побараат одговорност.

-Погледнете го социјалниот статус на тие луѓе кога влегуваат во политика и на функции и погледнете кога излегуваат. Влегуваат како сиромашни, а излегуваат како мултимилионери. Сите кои се огрешиле пред законот и народот треба да одговараат без разлика кои се. Јавно кажувам дека секој што се огрешил треба да одговара пред закон. Владеењето на правото и законите треба да биде неприкосновено, јас да бидам осуден нема да барам амнестија, ќе си го докажам тоа во фер и судска постапка, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде: „Дали ние имаме проблем со обвинителските и судски постапки, тоа е вредно за дискусија, бидејќи резултатите од тоа излегоа на една ранг листа каде што сме 15 места подолу од претходната година, 111 сме на Транспаренси Интернешнл според корупција и криминал и дека конечно борбата против криминалот мора да профункционира“.

-Ако сакаме да имаме функционална држава мора да кажеме преку системот дека борбата со криминал и корупција ќе биде бескомпромисна, нагласи Мицкоски.